Босна и Херцеговина
Европратениците во вторник ќе разговараат за ситуацијата во Босна и Херцеговина, „каде што растечката сецесионистичка реторика и акција ја загрозуваат стабилноста на земјата“, се вели во соопштението на Европскиот парламент што вчера беше испратено до медиумите.
Политичката ситуација во Босна и Херцеговина е сè понапната, при што растечкиот национализам и сепаратизам продолжуваат да ги загрозуваат мирот, стабилноста и интегритетот на земјата, вклучувајќи го и функционирањето на државните институции – се вели во соопштението.
Во него с наведува дека во јануари САД воведоа санкции против членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, обвинувајќи го за корупција и закана за стабилноста на земјата.
Во извештајот за спроведувањето на заедничката надворешна и безбедносна политика, усвоен на 17 февруари 2022 година, европратениците ја повикаа ЕУ, исто така, да воведе насочени санкции кон г. Додик и неговите сојузници за неговите коруптивни активности, континуираната дестабилизација и поткопувањето на суверенитетот на Босна и територијален интегритет. Во моментов не се во сила никакви санкции од ЕУ – се наведува во соопштението на ЕП.