И не, нема да се повлечам. Три пати ли да повторам, напиша на Фејсбук лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов. За него бугарски медиуми објавија дека за време на неговата изборна кампања во Разград најавил доколку Бугарите ги реизберат поранешните владетели Продолжуваме со промените, БСП и Демократска Бугарија, тој повеќе нема да води изборна кампања и нема да се кандидира за функцијата.

Според Борисов, ова била најлесната кампања за ГЕРБ. На 2 октомври граѓаните на Бугарија треба да одлучат која партија или коалиција да ја поддржат.
За неефикасната енергетска политика тој ја обвини претходната власт истакнувајќи оти нуклеарната централа „Козлодуј“ во Бугарија работеше со полна брзина, а струјата чини 45 лева (23 евра), а се продава за 1.800 лева (900 евра) и праша зошто го испуштиле ова.

Неколку часа откако беше објавена изјава за повлекување неговиот портпарол Севдалина Арнаудова и Никола Николов на Фејсбук напишаа дека се договориле со Борисов доколку се повлече од политика лично да им соопшти.

– Бидејќи тој не ни кажа ништо такво, ние продолжуваме со кампањата низ Бугарија и сакаме да ви кажеме да не читате лажни вести – напишаа Арнаудова и Николов.