Фото: општина Булќиза/село Острени /фејсбук

Државните полиции на Албанија и на Косово се договорија да организираат заеднички сообраќајно-полициски служби на територијата на Албанија, во периодот јуни-септември.

Заедничките патролни служби ќе се засноваат на Меморандумот за соработка, потпишан на средбата во Тирана.

Во Меморандумот за соработка се потенцира важноста и неопходноста од соработка меѓу полициите на двете земји, во областа на патниот сообраќај, за спречување на прекршоци и зголемување на безбедноста на патиштата.

Тоа доаѓа како резултат на тоа што во периодот јуни-септември има значително зголемување на бројот на граѓани од Косово кои доаѓаат на одмор во туристичките области на Албанија, како и голем број патнички возила кои од Косово кои движат по автопатот што ги поврзува двете земји.

При потпишувањето на Меморандумот за соработка, раководителите на двете полиции, заменик-директорот на државната полиција, Сокол Бижга и генералниот директор на косовската полиција, Газменд Хоџа, истакнаа дека искуствата од изминатите години во спроведувањето на заеднички патролирањето на патиштата се позитивни и ќе послужи како основа за соработка во наредните месеци.

Албанско-косовски пароли низ Албанија во екот на турстиќката сезона паролираат повеќе години наназад а заеднички албанско – црногорски полициски патроли имаше на црногорското и албанското крајбрежје.