Претседателот на Косово, Хашим Тачи, го прогласи 27 ноември за ден на жалост во земјата поради жртвите од земјотресот што ја погоди Албанија.

-Во знак на државна и граѓанска почит, 27 ноември 2019 година се прогласува за ден на жалост во Република Косово, по земјотресот во Албанија, кој остави десетици загинати и многу повредени – се вели во објавата од кабинетот на Тачи.

Државното знаме на Косово утре ќе биде истакнато на половина копје во сите државни објекти.