Деа Ѓурѓевиќ, водителката од утринската програма на српската телевизија „Пинк“ утринава во шест часот доживеала тешка соообраќајна несреќа, во која, како што пренесуваат српските медиуми новинарката останала без својата рака.

Таа најпрво имала сообраќајка со друго возило, а кога излегла од возилото да види колкава е штетата, наишол автобус кој ја изгубил контролата поради замрзнатата улица и удрил директно во неа, при што и ја откинал рака.

Екипите на Брза помош ја одвеле во Ургентен центар повредената новинарка и над неа се врши тешка операција, соопштуваат српските медиуми.

Три екипи на Брза помош интервенирале на лице место, а во несреќата три лица се здобиле со тешки телесни повреди.