Американскиот претседател Џо Бајден го повтори повикот до Конгресот за забрана полуавтоматските пушки, како онаа употребена во пукањето викендов, при што беа убиени осум лица во Тексас.
-Уште еднаш барам од Конгресот да ми испрати закон за забрана на јуришно оружје – рече Бајден во писмената изјава.
Како што јави Радио Слободна Европа, тој го осуди вооружениот напад во американската држава Тексас како бесмислен чин на насилство, во кој вооружен маж уби осум лица во трговски центар.