Фото: Џо Бајден - (инстаграм)

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека не е изненадување што американската економија забавува бидејќи Федералните резерви дејствуваат со цел намалување на инфлацијата.

Бајден, во изјавата по објавувањето на податоците кои покажаа дека повторно е забележан економски пад во вториот квартал, остана оптимист за економските изгледи, наведувајќи дека пазарот на трудот е историски силен и оти потрошувачката на граѓаните продолжува да расте.

– На добар пат сме и ќе поминеме низ оваа транзиција уште посилно и посигурно – рече тој во соопштение.

Економијата на САД се намали за 0,9 отсто на годишно ниво во вториот квартал од 2022 година, што е пад втор квартал по ред, покажа денешната прелиминарна проценка на Бирото за економски анализи.

Во претходниот квартал, бруто домашниот производ на САД падна за 1,6 отсто.