Фото: Принтскрин/Илустрација

Астероид голем колку облакодер денеска ќе помине на 2,7 милиони километри од Земјата, соопшти Американската вселенска агенција (НАСА), а пренесоа светските медиуми.

НАСА проценува дека астероидот е широк помеѓу 210 и 480 метри. Откриен во 2008 година, астероидот е означен како „2008 ОС7“.

Безопасното прелетување е едно од неколкуте на астероиди неделава. И три многу помали астероиди денеска безопасно ќе „прозујат“ покрај Земјата. Овие астероиди немаат дијаметар поголем од десет метри. Два астероиди утре ќе поминат покрај Земјата, додека астероид двојно помал од „2008 OС7“ ќе го направи тоа в недела.

Се предвидува дека астероидот „2008 OС7“ нема да се врати во близина на Земјата до 2032 година, но ќе биде многу подалечна средба, бидејќи тогаш ќе биде на повеќе од 72 милиони километри од Земјата.