Hitrou aerport
Фото: ЕПА

Антитерористичка единица на полицијата учествува во истрагата за причините за пожарот во близина на лондонскиот аеродром Хитроу, кој поради тоа денеска е затворен за сообраќај.

Британскиот премиер Кир Стармер денеска соопшти дека е во контакт со властите на терен и редовно добива ажурирања за пожарот во електричната трафостаница Норт Хајд, поради кој најголемиот британски аеродром Хитроу е затворен до полноќ.

– Знам дека ситуацијата во Хитроу предизвикува вознемиреност и нарушување, особено за оние кои патуваат – објави Стармер на мрежата „Икс“.

Поради пожарот е нарушено патувањето на десетици илјади патници. Полицијата за борба против тероризмот е меѓу агенциите кои ги истражуваат причините за пожарот.

Во меѓувреме, лондонската противпожарна бригада соопшти дека пожарот во електричната подстаница Норт Хајд е под контрола, но дека се уште не е изгаснат.