Фото: Фејсбук / Александар Дугин

Американските разузнавачки агенции веруваат дека бомбашкиот напад во Москва во кој загина Дарја Дугина, ќерката на истакнатиот руски десничарски идеолог Александар Дугин, бил одобрен во рамки во украинската влада, објави Си-ен-ен, повикувајќи се на информирани разузнавачки извори. Според нив, САД не биле однапред информирани за планот за атентат, а сè уште не е јасно кој според американските разузнавачи ја одобрил егзекуцијата. Не е јасно дали американската разузнавачка заедница верува дека украинскиот претседател Володимир Зеленски бил свесен за постоењето на планот за ликвидација или го одобрил.

Путин постхумно ја одликуваше Дарија Дугина

Но разузнавачкиот наод, за кој прв јави Њујорк тајмс, изгледа дека ги потврдува елементите од извештаите на руските власти дека бомбашкиот напад бил планиран во Киев. Засега нема одговор од украинските власти на прашањата што им ги поставил Си-ен-ен, а змериканските разузнавачки служби и Стејт департментот одбиле да коментираат.

Руската федерална служба за безбедност идентификувала соучесник во убиството на Дугина

Според изворите на Си-ен-ен, американските разузнавачи веруваат дека Дугина го возела автомобилот на нејзиниот татко ноќта кога беше убиена и дека Дугин бил вистинската цел на операцијата.

Во август Дугина загина во експлозија на автомобилот со кој се превезувала во предградие на Москва. Руската федерална служба за безбедност ја обвини украинската тајна служба дека го извршила бомбашкиот напад во кој загина Дугина. Киев отфрли каква било поврзаност со смртта на Дугина, а руската федерална служба тврдеше дека „сторителот“ на злосторството е Украинец кој потоа ја напуштил земјата преку Естонија, но без да соопшти докази за тврдењето. Официјалната државна новинска агенција ТАСС пак, повикувајќи се на анонимни извори објави дека бомбата била активирана од далечина, но без да даде дополнителни детали. Украинскиот претседателски советник Михајло Подољак негираше дека Киев стои зад смртта на Дарја веднаш откако беше објавена информацијата.

Според Истражниот комитет на Русија, планирано и нарачано е убиството на Дарја Дугина