Вулканот Етна повторно исфрла пепел, поради што меѓународниот аеродром во Катанија ќе биде затворен за авиосообраќај до утре, пренесе „Ем-ес-ен“.
Авиосообраќајот на Сицилија беше отежнат и поради невремето што го зафати регионот синоќа.
Ова не е првпат аеродромот во Катанија да биде затворен поради активноста на Етна. Поради вулканот, прекини во авиосообраќајот имаше и во текот на минатиот и овој месец.
Етна е висок околу 3.300 метри и е највисокиот активен вулкан во континентална Европа.
































