Јапонец проголтал 246 пакетчиња кокаин и починал за време на неговиот лет од Богота до Токио. Кокаинот бил пронајден во неговиот стомак и цревата, соопштуваат властите на Мексико, каде што авионот направил итно слетување, пренесува „Гардијан“.

Починатиот е идентификуван како Удо Ен (42). Веднаш откако започнале неговите здравствени тегоби, комерцијалниот лет од главниот град на Колумбија слетал во Мексико Сити.

– Стјуардесите забележале дека дека човекот не бил во добра состојба и побарале дозвола за итно слетување во Ермосило, Сонора – соопштиле од обвинителството на Сонора.

Аутопсијата покажала дека Удо Ен проголтал 246 пакетчиња кокаин, секое со дименции од еден до 2,5 сантиметри. Причина за смртта било отекување на мозокот предизвикано од предозирање со дрога, соопштиле од обвинителството.