Руската полиција уапси над 1.000 демонстранти на опозициските протести во Москва. Меѓу уапсените има и новинари, како што е дописникот на „Дојче веле“. Протестите беа организирани поради одбивањето на кандидатурата на опозициските политичари за изборите за московското собрание, закажани за 8 септември.