– Не постои можност Европска Унија да и понуди на Велика Британија долгорочно одложување на брегзит поради претстојните европски избори. Би бил шокиран, бидејќи мислам  дека тоа не е возможен исход. ЕУ не сака Британија да биде спорен фактор на европските избори – посочи Лиам Фокс коментирајќи ја можноста дали брегзит може да се пролонгира за две години.

Тој додаде дека е можно Велика Британија да излезе од ЕУ на 29 март, како што е планирано.

Британската премиерка Тереза Меј претходно изјави дека ако се случи пролонгирање на брегзит, тоа ќе трае до јуни.