Aмериканскиот претседател Доналд Трамп повторно на социјалните мрежи ја употреби репликата од серијата „Игра на престолот“, но овојпат поради ѕидот на границата со Мексико.

На фотографија, која Трамп ја сподели, се наоѓа тој заедно со натписот „Ѕидот доаѓа“, алудирајќи на популарниот слоган од таа серија – „Зимата доаѓа“.

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by President Donald J. Trump (@realdonaldtrump) on

Ова не е првпат американскиот претседател да го употреби тој слоган, со цел да се „пресмета“ со противниците.

Во ноември минатата година заедно со својата фотографија го објави и натписот „Санкциите доаѓаат“, што беше упатено кон Иран.