Американскиот претседател Доналд Трамп не планира да присуствува на погребот на републиканскиот сенатор Џон Мекејн, кој почина вчера, пишува весникот „Њујорк тајмс”. 

Според весникот, кое цитира запознаени извори од Републиканската партија, поранешните претседатели Џорџ Буш помладиот и Барак Обама изразиle желба да присуствуваат на погребот на Мекејн.

Според прелиминарниот план, администрацијата на Трамп се очекува да биде претставена на погребната церемонија од страна на потпретседателот Мајк Пенс. 

„Њујорк тајмс” претходно соопшти дека Мекејн ќе биде погребан во градот Анаполис, Мериленд, но засега не е дефинитивно кога. 

Ветеранот на американската политика ќе добие државни почести: ковчегот со неговото тело ќе биде поставен за поклонение во централната ротонда во Капитол, а меморијалната служба ќе се одржи во катедралата на Вашингтон. Потоа, до погребот ковчегот ќе биде поставен во зградата на законодавното собрание на Аризона – државата, кој Мекејн ја претставуваше во Конгресот 35 години.