Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека договор со Иран за нуклеарната програма е можен, додека, пак, Техеран порача дека не сакаат нуклеарно оружје.

– Навистина верувам дека Иран сака да дојдеме до договор, мислам дека тоа е паметно од нив и мислам дека постои можност тоа се случи – изјави Трамп на конференција за новинари со јапонскиот премиер Шинѕо Абе во Токио.

Трамп нагласи дека Иран има шанска да биде прекрасна земја со истото раководство и посочи дека сака да биде јасно дека не сака да го менува режимот, туку само да нема нуклеарно оружје.

Од друга страна, иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, изјави дека Иран не сака нуклеарно оружје кое врховниот лидер на таа земја го забрани, наведувајќи на Твитер дека американската политика му наштетила на иранскиот народ и предизвикала регионални тензии.

– Ајатолахот Али Хамнеи одамна кажа дека не сакаме нуклеарно оружје, со издавање забрана со фетва – рекол Зариф. Тој порачал дека економскиот тероризам на САД го повредил иранскиот народ и предизвикал тензии во регионот.