Потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс претстави услови за одложување на брегзит и ги повика Британците да останат во царинската унија на Европската унија. Тој го нагласи тоа во интервјуто објавено денеска од страна на германската медиумска група Функе.

– Ако на Британците им треба подолг период, тогаш треба да знаеме зошто, вели тој. Додека тоа не е јасно, брегзит може да биде одложен само за две недели, со единствена цел – спречување хаотично напуштање на 29 март.

Како што вели заменикот претседател на ЕК, за тоа време Лондон треба да каже што навистина сака.

-Организирање нови избори? Да се одржи нов референдум? Потоа можеме да разговараме зборуваме за одложување за неколку месеци – истакна тој.

Тимерманс верува дека Лондон може да остане во царинската унија на ЕУ.

-Можеби мнозинството во британскиот парламент ќе го поддржи тоа – рече тој.

Според него, брегзит „ќе биде најголемата трагедија во историјата на ЕУ”.

-Британците гласаа да ја напуштат ЕУ, а не царинската унија – рече Тимерманс.