Високиот талибански лидер Амир Кан Мутаки денеска ги обвини западните земји дека се обидуваат да создадат паника и хаос во Авганистан.

Според „Би-би-си“, Амир Кан Мутаки рекол дека аеродромот во Кабул, моментно, е единственото место во хаос, каде што луѓето пукаат и убиваат. Тој верува дека Соединетите Американски Држави се обидуваат да го сокријат својот пораз со создавање „драма за евакуација“, пренесуваат медиумите.

Мутаки, исто така, се осврнал на потенцијалното незадоволство во редовите на талибанците, тврдејќи дека одредени одлуки се донесени во долгорочен интерес на движењето и неговата улога во Авганистан. Тој најави и дека талибанците преговараат со сите фракции за да постигнат договор за идната влада.