Велика Британија објави дека танкерот што денеска го запленила иранската војска не половел под британско знаме.

-Колку што знаеме, нема британски интереси на тој брод, изјави портпарол на британската влада, а пренесе „Ројтерс“.

Иранската револуционерна гарда во Персискиот Залив заплени странски танкер со 12 членови на екипажот поради наводно шверцување на нафта.

Иранската државна телевизија објави дека танкерот бил пресретнат јужно од иранскиот остров Ларак, пренесе агенцијата АП.

Како што тврди иранската телевизија, танкерот шверцувал нафта која иранските шверцери ја продавале на странски клиенти.

Во извештајот не е наведено на која земја и припаѓа на танкерот, ниту чии државјани се членовите на екипажот.

Веста за запленување на танкерот доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Иран и западните сили.