Ри Сол-ју , сопругата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун се појави во јавноста за првпат по повеќе од една година, пренесуваат светските медиуми.

Ри беше со својот сопруг беше на концерт по повод роденденот на неговиот покоен татко Ким Јонг-ил. Ри често одела со Ким на важни настани, но од јануари минатата година не била на ниту еден. Поради тоа, се шпекулираше за нејзиното здравје и наводна бременост.

Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја вчера им соопшти дека Ри избегнува да се појавува во јавноста поради загриженоста за ковид-19, како и дека можеби поминувала време со децата. Северна Кореја досега официјално не пријавила случаи на ковид-19, но експертите сметаат дека отсуството на заразата во државата е малку веројано.

Ри потекнува од семејство од повисока класа, нејзиниот татко е професор, а нејзината мајка е акушерка. Медиумите јавуваат дека Ри, кој има 31 година, бил пејачка во оркестарот „Унхас“ , елитна група чии членови ги избира државата. Се верува дека се омажила за Ким во 2009 година, а бракот во 2008 го договорил Ким Јонг-ил. Според јужнокорејските разузнавачки податоци, парот има три деца.