Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран на 177 километри западно од канадскиот град Порт Харди, во провинцијата Британска Колумбија.

Како што информира Американскиот геолошки институт, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од десет километри, на 518 километри западно од Ванкувер. Нема податоци за жртви и материјална штета.