Светот веќе тргна кон курсот за намалување на вкупниот број на населението во иднина. Иако експертите се согласуваат, сепак, тие не размислуваат исто за брзината со која ќе се случи тоа. Во една статија објавена во медицинското списание „Лансет“, истражувачите од Универзитетот во Вашингтон го оспоруваат ставот на Дивизијата на ОН за демографски истражувања дека бројот на светското население ќе се зголеми на крајот од овој век. Тие претпоставуваат дека до 2100 година, населението во светот ќе биде меѓу 6,3 и 8,8 милијарди луѓе. Истражувачите заклучуваат дека брзината на опаѓање на населението е поврзана со брзината на постигнување на развојните цели.
Од друга страна, ОН предвидуваат дека светската популација ќе продолжи да расте по 2100 година, главното сценарио во статијата на „Лансет“ прогнозира дека врвот ќе биде достигнат во 2064 година, со 9,7 милијарди луѓе. Според истражувачите, популацијата во Европа и во Централна Азија веќе би го достигнала врвот во 2023 година, додека тој датум би бил 2032 година за Источна и за Југоисточна Азија, 2049 година за Јужна Азија, 2055 година за Латинска Америка, 2064 година за САД и за Канада, како и 2084 година за Северна Африка и Блискиот Исток, а 2100 година за Супсахарска Африка (земајќи ги предвид миграциските модели).