Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, ја продолжи забраната за одобрување зелени карти до крајот на годината.

Висок службеник на администрацијата, кој сакал да остане анонимен, рекол дека забраната ќе остане на сила до крајот на годината, како дел од напорите да се ослободат што е можно повеќе работни места.

Според претпоставките на администрацијата, ова ќе создаде до 525.000 работни места за Американците.

Забраната за нови визи се однесува на „Х-1 визи“ што ги користат големите американски технолошки компании, „Х1Б“ за сезонски работници, „Ј-1“ за размена на студенти и „Л-1“ за директори на мултинационални корпорации.