Русија и Иран планираат заеднички воени вежби во Индискиот Океан.

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавид Зариф, кој се наоѓа во посета на Москва изјави дека Техеран ја поздравува иницијативата на Русија за воспоставување безбедност во Персискиот Залив.

Зариф во рамки на посетат ќе разговара и за соработката со Русија во областа на економијата, трговијата, енергетиката, транспортот и културата.