На прославата на детски роденден во градот Тафт, Тексас, се случи престрелка во која четворица мажи беа убиени, а еден повреден.

Одделот за јавна безбедност на Тексас соопшти дека пукањето се случило во саботата попладне во 17 часот во Тафт, на прослава на прв роденден на дете.

Локалниот полициски наредник Нетјан Брендли изјави дека на пукањето му претходела кавга која избила меѓу двете семејства кои присуствувале на прославата.

Брендли додаде дека повредениот маж бил пренесен во болница, но неговата здравствена состојба не е позната. 

Осомничените се уште се на слобода, а други детали не се соопштуваат.