Остатоци од авионот „ан-26“, кој исчезна со најмалку 28 патници и членови на екипажот на пат кон Камчатка, се пронајдени на брегот кај Охотск. Според надлежното министерство, авионот паднал на приближно 4 километри од аеродромот.

Првичните процени се дека во несреќата нема преживеани.

Рускиот авион „ан-26“ ја згубил комуникацијата за време на летот над Камчатка додека летал од Петропавловск кон Палана. Авионот исчезнал од радарот околу 14.55 часот по локално време, а во леталото имало шест члена на екипажот и 22 патници, од кои две деца.

Руското Министерство за кризни состојби соопшти дека ги испитуваат деталите за да откријат што се случило со авионот.

Како што дознава ТАСС, авионот бил технички исправен, а пилотот наводно не пријавил дефект.

Спасувачките екипи сè уште не успеале физички да стигнат до леталото.

На местото на настанот времето било лошо, облачно и магливо. Паднатиот „ан-26“ бил произведен 1982 година, а неговиот сертификат истекувал на 30 август годинава.

Според службите за итни случаи, авионот бил технички исправен пред полетувањето.