Американскиот Претставнички дом денеска усвои нов Закон за одбрана, со кој за одбранбените потреби се издвојуваат 716 милијарди долари и во исто време се ограничуваат кинеските инвестиции во САД.

Со Законот на американската Администрација и се забранува набавка и користење на технологии од големите кинески телекомуникациски компании.
Законот беше усвоен со 359 гласа „за“ и 54 гласа „против“. Законот сега треба да биде одобрен и од Сенатот на САД.

Со Законот, Комитетот за странски инвестиции во САД доби овластување да дава оценки дали предложените странски инвестиции претставуваат опасност за националната безбедност на земјата.

Иако со законот на властите им се забранува склучување зделки со компании како ЗТИ или „Хуавеј“, сепак ограничувањата за деловна соработка со кинексите фирми се помали од првично најавуваните.