Претседателот на Советот за доделување на „Пулицеровата награда“, Џуно Диаз, се повлече од функцијата на неодредено време, поради обвинувањата за сексуално вознемирување што против него ги изнесе писателката Зинзи Клемoнс.

Диаз соопшти дека се откажува од вршењето на должноста сè до расветлување на случајот.

На 4 мај на Саемот на книгата во австралискиот град Сиднеј, Клемoнс му постави прашање на Диаз за инцидент меѓу нив од пред шест години. На Твитер таа објави дека Диаз ја бакнал насила, додека била студентка на Универзитетот „Колумбија“ во Њујорк.

– Не сум единствената на која тој и го сторил тоа – тврди Клемонс, додавајќи дека повеќе нема да молчи.

Советот кој ја доделува „Пулицеровата награда”, соопшти дека започнал независна истрага за овие тврдења, додавајќи дека Диаз е позитивен и соработува со истрагата.

Тој ќе биде привремено заменет на позицијата претседател од новинарот од весникот „Вашингтон пост”, Јуџин Робинсон, но останува член на Советот.

Диаз доби „Пулицерова награда“ во 2008 година за книгата „Краткиот чудесен живот на Оскар Вао”.