Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска допатува во ненајавена посета на Багдад.

Тој во Ирак пристигна од Аман, каде вчера ја почна регионалната турнеја.

– Помпео во Багдад ќе се сретне со претседателот на ирачкиот Парламент и со други ирачки претставници, изјави портпаролот на Собранието на Ирак.

Посетата на Помпео на Багдад уследи откако претседателот на САД, Доналд Трамп на 27 декември ги посети американските војници во Ирак.

Трамп беше критикуван бидејќи при посетата на Ирак не се сретна со ирачките владини претставници.