Погребот на морнарите кои загинаа во подморница во Баренцовото Море беше одржан денеска на Серафимовските гробишта во Санкт Петербург.

На погребот пристигнаа припадници на командата на руската морнарица со црвени каранфили во рацете и членовите на семејствата на жртвите со венци, пренесе „Спутник“.

Подморницата се запали во понеделникот пришто животот го загубија 14 морнари. Рускиот истражен комитет почна проверка на сите околности на смртта на морнарите.

Рускиот претседател Владимир Путин нареди екипажот постхумно да се одликува со државни награди.