Советот за безбедност на ОН во саботата вечер од петти обид усвои резолуција за испорака на хуманитарна помош во Сирија преку еден граничен премин со Турција. За резолуцијата гласаа 12 членки на СБ на ОН, додека Русија, Кина и Доминиканската Република беа воздржани. Со оваа одлука им се стави крај на неколкудневните несогласувања меѓу Русија и Кина, од една страна, а другите 13 членки, од друга страна, двапати гласаа да ги задржат двата премини од Турција што досега служеа за хуманитарна помош.
И двата пати Русија и Кина ставија вето на резолуцијата, јавува Ројтерс.
Во меѓувреме, Германија и Белгија, кои предложија резолуција со два гранични премини, беа принудени да се повлечат откако Русија се закани дека повторно ќе стави вето, а најновиот нацрт на Русија предвидуваше отворање само еден премин од Турција наредната година.
Инаку, помошта беше одобрена еден ден откако истече дозволата за шестгодишната хуманитарна операција за Сиријците во северозападниот дел на земјата, последното упориште на бунтовниците во провинцијата Идлиб.