Британската туристичка компанија Томас Кук соопшти денеска дека евакуирале 301 турист од хотел во Хургада во Египет откако двајца туристи починале под неразјаснети околности.

Џон Купер (69) и неговата сопруга Сузан (53) биле пронајдени во вторникот мртви во хотелот Steigenberger Aqua Magic на Црвеното Море.

Томас Кук соопшти дека добиле информации за заболени гости, но детали не наведоа.

– Безбедноста е наш приоритет, и поради тоа одлучивме сите наши гости да ги тргнеме од тој хотел, велат од компанијата. Ним им е понудено алтернативно сместување или врќање во Велика Британија.