Пациентите во болницата „Дел Маре“ во италијанскиот град Неапол беа евакуирани, откако се појави огромна дупка на паркингот пред болницата, што доведе до прекин на струјата и водата.
Пожарникарите биле повикани на местото на настанот откако се појави огромна дупка која проголта возила, сообраќајни знаци и дрвја. Спасувачките екипи биле испратени на терен со кучиња трагачи, а нема информации за повредени.
Некои медиуми наведуваат дека дупката е длабока околу 20 метри. Болницата беше привремено затворена поради прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода.
Локалните власти веруваат дека станува збор за хидрогеолошки проблем.

Инцидентот се случил помеѓу 6:30 и 6:45 часот утринава и првично се сметаше дека е предизвикан од експлозија, но властите сега се сомневаат дека станува збор за подземен колапс.
Јавното обвинителство во Неапол ќе спроведе истрага за причината за инцидентот иако во моментов нема никаков елемент што може да наведе на злонамерен чин. Првичните извештаи укажуваат на тоа дека подземните цевки на кислород во болницата можеби имплодирале или дека истекувањето може да предизвикало натрупување гас и последователна експлозија.