Две лица биле повредени во денешниот инцидент во централната железничка станица во Амстердам, откако ги нападал маж вооружен со нож.

Полицијата интервенирала, го застрелала и ранила напаѓачот, откако тој пробол две лица, кои се хоспитализирани.

Засега не е познато дали се работи за терористички напад или за лична пресметка.