Претседателот на Зимбабве, Емерсон Мнангагва, соопшти дека поранешниот претседател Роберт Мугабе, кој денеска почина на 96-годишна возраст, е прогласен за „национален херој“.

Тој го наследи Мугабе на чело на земјата, откако армијата излезе на улиците и по протестите на граѓаните во ноември 2017 година.

Мнангагва додаде дека земјата ќе биде во жалост сè до погребот на Мугабе, чиј датум сè уште не е објавен.
Мугабе почина во болницата во Сингапур, каде што се лекуваше од април. На власт беше 37 години.