Италијански експерти за градежништво се подготвуваат да го срушат мостот „Моранди“ во Џенова, скоро една година по неговиот колапс на градбата, пренесува Би-би-си.

Илјадници луѓе сега се евакуираат пред серијата на експлозии која ќе ги урнат двете големи потпорни кули, изградени од околу 4.500 тони бетон и челик. Резервоари со вода се поставени до кулите, како превенција од ширење на прашина.

Минатиот август, 43 лица загинаа откако дел од мостот се сруши и повеќе автомобили кои се движеа по него паднаа од висина од 45 метри. По овие настани, во италијанската јавност се отворија сериозни прашања за безбедноста на инфрастуктурата во земјата.

Мостот „Моранди“ беше критична инфрастурктурна локација во Џенова и користеше како една од главните локации на патната мрежа, поврзувајќи ја северна Италија со Франција, како и главен патен правец кои и служи на италијанската ривиера.

Мостот дизајниран од архитектот Рикардо Моранди, беше завршен во 1967 година, а реновиран во 1990-тите и повторно поправан во 2016 година. 

Во декември, реномираниот италијански архитект Ренцо Пиано прифати да ја надледува конструкцијата на нов мост кој ќе го замени „Моранди“, што се очекува да биде една од најскапите конструкции од овој тип во Европа.