Владимир Путин (лево) и Си Џинпинг уште не му честитаа на Џо Бајден

Молкот на овие лидери за победата на Бајден кажува многу за односите кои ги очекуваат од идната претседателска администрација, смета Си-ен-ен

Честитките за новоизбраниот американски претседател Џо Бајден пристигнуваат од лидерите ширум светот, но сите уште не ги прифатија резултатите од претседателските избори во САД, пренесува Си-ен-ен.

Меѓу оние кои испратија честитка се лидерите кон со кои Трамп создаде близок однос во изминатите четири години. Наклонетоста на Трамп кон авторитарните лидри низ светот, беше една од малкуте константи во текот на неговиот мандат. Молкот на овие лидери за победата на Бајден кажува многу за односите кои ги очекуваат од идната претседателска администрација, смета Си-ен-ен.

Во 2016 година Кремљ му честита на Доналд Трамп по неколку часа од објавувањето на резултатите, но рускиот претседател Владимир Путин уште не упатил таква честитка кон Бајден. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков истакна дека Моска ќе ги чека официјалните резултати пред да го коментираат исходот.

Дури и по антикинеската реторика на Доналд Трамп додека беше претедателски кандидат во 2016 година, тој тогаш доби честитка од кинескиот претседател Си Џинпинг кој повика на стабилни американско-кинески односи. Сега, Си Џинпинг не честиташе за претседателството на Бајден толку бргу. Кинеските власти вчера ги избегнаа прашањата околу тоа кога ќе му честитаат на Бајден за победата, додека портпаролот на Министерството за надворешни работи посочи дека Кина ќе дејствува во согласност со „меѓународната практика“.

За победата на Бајден уште не се огласи турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, како ниту неговиот колега од Бразил Жаир Болсонаро. Мексиканскиот претседател Мануел Лопез Обрадор упати претпазлива изјава во која не ја спомна победата на Бајден, туку посочи дека треба да се чека на правна разврска и на пребројување на гласовите.