Шефот на одделот за антитероризам во Њујорк, Џон Милер, изјави дека постои основано сомневање дека исто лице испратило експлозивни пакети на Си-Ен-Ен, Џорџ Сорос, Клинтон и Барак Обама. 

Милер одржа прес-конференција, заедно со претставници на ФБИ, на која соопшти дека сите откриени експлозивни направи всушност биле грубо направени цевчести бомби. 

Милер додаде дека досега никој не е уапсен, ниту пак направите некого повредиле. 

Гувернерот на Њујорк Ендру Куомо рече дека нема да биде изненаден ако бидат пронајдени уште сомнителни пакети, бидејќи еден таков бил испратен и во неговата канцеларија во Њујорк.