САД спроведуваат биолошки истражувања при тоа кршат низа безбедносни прописи и насоки за ракување на патогени микроорганизми, изјави командантот на руските трупи за атомска, биолошка и хемиска заштита, изјави генерал мајор Игор Кирилов.

Тој додаде дека руското Министерство за одбрана очекува одговори од САД и од Грузија зошто муниција за хемиско и биолошко оружје е складирано во Истражувачкиот центар за јавно здравје „Ричард Лугар“.

Кирилов тврди дека експерти од руското Министерство за одбрана ги проучиле материјалите што ги објави поранешниот грузиски министер за државна безбедност Игор Гиоргаѕе за американските активности во Истражувачкиот центар за јавно здравје „Ричард Лугар“.

– Тоа го покренува прашањето зошто такви документи се зачувани во Истражувачкиот центар за јавно здравје „Ричард Лугар“. Очекуваме јасен одговор на ова прашање од Грузија и од САД, посочи Кирилов.

Гиоргаѕе во септември го повика американскиот претседател Доналд Трамп да ја испита работата на Центарот Лугар, во кој наводно најмалку 73 луѓе починале за време на тестирањето на биолошко оружје, а тестирањето е претставено како испитување на лекови.

Пентагон претходно демантираше дека САД во Истражувачкиот центар за јавно здравје „Ричард Лугар“ развива биолошко оружје, наведувајќи оти тоа е дел од „руската кампања за дезинформации“.