Италија се подготвува да го затвори најбогатиот и најнаселен регион – Ломбардија, чија финансиска престолнина е Милано, во рамките на новите мерки против епидемијата на коронавирус.

Новите правила вклучуваат луѓето да не можат да патуваат од и во Ломбардија, каде живеат околу 10 милиони луѓе. Мерките ќе важат и за уште 11 италијански провинции, пишува „Ројтерс“.

Сите музеи, вежбалници, културни центри, скијалишта и базени ќе бидат затворени.

Според „Ројтерс“, мерките било предвидено да стапат во сила вчера, но локалните политичари побарале повеќе време за разгледување на рестрикциите.