Избирачите во италијанското гратче Тромело за свој градоначалник го избраа трансродниот адвокат, Џанмарко Негри.

Тој беше главен противкандидат на претставникот на десничарската Лига на Матео Салвини.

Негри е 40-годишен адвокат, кој е и активист за трансродиви права. Тој е избран со 37,5 отсто од гласовите дадени за неговата левичарска граѓанска листа. Кандидатот на Лига заврши на второ место, со 26 отсто од гласовите, пренесе АП.