Израелското вселенско летало „Берешит“ го направи својот конечен маневар пред денешното планирано слетување на Месечината.

Беспилотното летало наречено „Берешит“, што на хербејски значи библиската фраза „во почетокот“,  во Вселената патуваше седум седмици пред да влезе во гравитацијата на Месечината минатата недела.

Израелскиот вселенски екипаж „Берешит“ на Месечината треба да слета вечерва во 22 часот и 25 минути по локално време во Израел.

Досега само три нации извршиле така наречено „меко“ слетување на површината на Месечината – САД, поранешниот Советски Сојуз и Кина.