Земјотрес со јачина од четири степени според Рихтер беше регистриран денеска кај грчкиот остров Лезбос.

Институтот за геодинамика на атинската Национална опсерваторија соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на 251 километар североисточно од Атина, на островот Лезбос.

Земјотрес со јачина од 5,5 степени во понеделникот беше регистриран и на Пелопонез.