Американскиот претседател Доналд Трамп ги осуди трите смртоносни напади во Охајо и Тексас, во кои беа убиени најмалку 29 луѓе, порачувајќи дека за омразата нема место во САД.

– Ќе се позанимавама со тој проблем – им рекол на новинарите во Њу Џерси и нагласил дека разговарал со државниот обвинител, директорот на ФБИ и членови на Конгресот и дека во текот на денот повторно ќе се огласи по ова прашање.

Во нападот во државата Дејтон, во Охајо, напаѓачот, кој беше идентификуван како Конор Бетс (24), уби деветмина и рани 26 луѓе. Меѓу убиените е неговата сестра, Меган Бетс.

Пукањето во Охајо се случи само неколку часа по смртоносниот напад во Тексас, каде беа убиени 20, а ранети 26 лица. Подоцна, се случи и трет напад, исто така во Тексас.