Извештај на Фридом хаус

Според последниот извештај на меѓународната невладина организација „Фридом Хаус“, земјите од Западен Балкан, вклучително и Србија, се во категоријата делумно слободни држави и се посочува дека падот на демократијата, минатата година е забележан низ целиот свет.

Во извештајот „Слободата во светот 2021 година-Демократијата под опсада“ се наведува дека во 2020 година, Србија бележи пад од два поени и сега има вкупно 64 од вкупно 100 можни, додека САД имаат пад за 11 и сега имаат 83 поени.

Според извештајот, Србија бележи пад за 14 поени во областа на политичките права и граѓанските слободи во текот на последната деценија и е во групата со САД, Турција, Унгарија и Полска.

Во извештајот се наведува и дека назадување имало на територијата на целиот Западен Балкан во текот на 2020 година.

Забележан е и напредок кај некои земји, како што е Црна Гора и Македонија чии институции како што стои во извештајот во голема мерка се повратија „од штетата што им ја нанесе поранешниот премиер во бегство Никола Груевски“.

Извештајот опфаќа 195 светски земји и 15 територии и ги најдобро ги рангира скандинавски земји: Финска, Норвешка и Шведска, кои имаат по 100 поени, додека Северна Кореја е на најлошо место со три бода.

Извештајот исто така покажа дека граѓаните на вкупно 73 земји во светот живеат во услови на деградација на политичките и граѓанските права, додека напредок во тие области е регистриран во 28 земји.

54 земји во светот се класифицирани како слободни земји, во кои живеат вкупно 38 проценти од светската популација, а помалку од 20 проценти од светските граѓани живеат во услови на целосна слобода – што е најлош ефект од 1995 година.