Со зголемувањето на биодиверзитетот на глобално ниво и со загубата на живеалиштата на животните, појавата на коронавирусот може да биде само почеток на нова масовна пандемија

Мајибут два можеби и не е најздраво место. Сто и педесетте луѓе што живеат во селото сместено на јужниот брег на реката Ивиндо, некаде длабоко во големата шума Минкебе во северен Габон, повремено се навикнати на паузи од заразни болести, како што се маларијата, денгата, жолтата треска и сл. Претежно ги игнорираат. Но во јануари 1996 година, еболата, смртоносниот вирус што едвај им беше познат на луѓето, неочекувано се истури во шумата во вид на бран со мали епидемии. Од болеста умреа од 21 до 37 селани, за кои се претпоставуваше дека биле заразени, вклучувајќи тука и голем број од оние што биле пренесени преку кожа, исечкани или изедени од шимпанзата во блиската шума.

– Патував во Мајибут 2 во 2004 година, за да истражам зошто новите смртоносни заболувања за луѓето се појавија токму во областите со најголем биодиверзитет, поточно во жаришта како што се тропските шуми, пазарите со месо од дивеч претежно лоцирани во африканските и азиските градови. Таму наидов на трауматизирани луѓе, кои се плашеа од смртоносниот вирус, кој уби речиси 90 проценти од инфицираните луѓе – вели Џон Видал, поранешен уредник на „Гардијан“ задолжен за следење на животната средина.
– Селаните ми раскажуваа дека децата со кучињата биле во шумата и убиле горила. Тие ми рекоа дека секој од нив што го зготвил и го изел животното добил страшна треска во рок од само неколку часа. Некои починале веднаш, додека други пак подоцна, по реката, биле однесени до локалната болница. Неколкумина, како Несто Бемастик, закрепнаа – објаснува Видал.
Не повеќе од една до две децении се сметаше дека тропските шуми и недопрената животна средина заедно со егзотичниот животински свет што живее таму може да предизвикаат вируси од кои ќе настанат новите заразни болести за човештвото, познати како ебола, ХИВ и маларија.

Но голем број истражувачи денес сметаат дека, всушност, човековото уништување на биолошката разновидност создава услови за развивање нови вируси и болести, како што е впрочем и ковид-19. Тогаш, дали е можно човечката активност од типот на градење патишта, рударство, лов и кампување во природа, кои во 1990-тите ја предизвикаа епидемијата на ебола во Мајибут 2, денес да предизвикаат нов терор? Дејвид Куамен, автор на книгата „Спиловер – животински инфекции и следна пандемија“, вели дека освојувањето на тропските шуми и другите диви предели од страна на луѓето, во кои има голема флора и фауна, лежат многу непознати вируси за човековото тело, на кои им е потребно ново тело за домаќин.

Зголемена закана

Истражувачите сугерираат дека избувнувањата на заразните инфекции од типот ебола, САРС, птичји грип и сега ковид-19 предизвикани од животинско ткиво се во пораст. Патогените клетки преминуваат од животните на луѓето со голема брзина, а многу од нив веќе може да се забележат и на нови места. Американскиот центар за контрола и превенција од болести (ЦДЦ) проценуваа дека три четвртини од новопојавените заразни болести што рапидно се шират и ги разболуваат луѓето, всушност, потекнуваат од животните.
Некои, како беснилото и чумата, пред многу векови од животните преминале на луѓето. Други, како марбург, вирусот што се смета дека се пренесуваа од лилјаци, сè уште се ретки. Од друга страна, оние, пак, како ковид-19, кој се појави минатата година во Вухан, Кина, и вирусот МЕРС, кој е поврзан со камили на Блискиот Исток, се нови за човештвото и се шират брзо на глобално ниво.

Засилувачки ефекти

Во 2008 година, тим истражувачи идентификуваа 335 заразни болести што се појавиле во периодот помеѓу 1960 и 2004 година, меѓу кои речиси 60 отсто од нив потекнуваат од животни. Сѐ повеќе т.н. „зоолошки зарази“ се поврзани со промените во животната средина и човековото однесување. Нарушувањето на екосистемот со сечата на шумите, рударството, изградбата на патиштата низ оддалечените места, брзата урбанизација, како и растот на населението, ги принудува луѓето да остварат поблизок контакт со разни животински видови што во минатото можеби и никогаш не биле ни блиску. Резултат на ваквото зближување е, всушност, пренесувањето на вирусите што се одвива од дивиот свет на луѓето.

Врската со пазарот

Епидемиолозите тврдат дека вирусите и другите патогени бактерии многу веројатно исто така ќе се преселат од животните кај луѓето поради појавата на стотиците неформални пазари, кои никнуваат насекаде во урбаните средини, за да обезбедат свежо месо за брзорастечките метрополи во светот. Таму животните се колат, се сечат и подоцна се продаваат на самото место.
Сточниот пазар во Вухан, за кој кинеската влада смета дека е почетната точка на сегашната пандемија на ковид-19, беше познато место каде што се продаваа голем број диви животни, вклучувајќи и живи млади волци, крокодили, скорпии, стаорци, верверички, лисици, желки и сл.

Неопходна промена во однесувањето

Но што можеме да сториме за да запре сето ова? Решенијата почнуваат со едукација и свесност кај луѓето.
– Од работата во Сиера Леоне со луѓето заболени од ебола научив дека локалните населени места се жедни да дојдат до вистинска информација. Тие сакаат да го знаат тоа, за да научат – вели Брајан Бирд, виролог на Универзитетот за истражување во Калифорнија, вработен на Катедрата за ветеринарна медицина и еден од активистите што се занимаваат со истражување на заразените области со ебола во Сиера Леоне.
Во крајна линија, според Бирд, сите треба да сме подготвени и да предвидуваме од каде може да дојде следната пандемија.