Ирските националисти и пробритански унионисти во Северна Ирска денеска почнаа разговори за обновување на локалната влада.

Северна Ирска е без локална администрација речиси три години, а разговорите доаѓаат во време кога излегувањето на Велика Британија од Европската унија ја загрозува и онака деликатната политичка рамнотежа.

Доколку до 13 јануари не постигнат договор повторно ќе се оддржат избори, и доколку ни потоа не се воспостави локална власт, британската Влада ќе мора да размисли за диретна управа од Лондон, што сигурно ќе наиде на критки од националистите во Северна Ирска.