Вооружени крадци утрово украле стотина ролни тоалетна хартија во вредност од околу 130 долари во Хонгконг, каде поради коронавирусот има недостиг од основни работи.

Тројца мажи вооружени со ножеви ги пресретнале доставувачите утрото во населбата Монг Кок, позната по немири меѓу вооружени банди.
Полицијата успеала да ги фати. Според нивниот извештај крадците им се заканиле на доставувачите, кои веднаш им ги дале ролните со тоалетна хартија. Крадците зеле 600 ролни во вредност од околу 130 долари.

Во Хонгконг ментално недостига тоалетна хартија поради паничното купување на залихи предизвикано од страв од коронавирусот. Низ Хонгконг луѓето чекаат во редици пред продавниците откако ќе пристигне стоката на полиците.

Слична паника владее и во Сингапур, каде се потврдени 75 случаи на заразени со коронавирусот.