Хеликоптер удри во покрив на зграда на Менхетн, во Њујорк, по што избувна пожар. Во несреќата, која се случила во 14 часот по локално време, загинало најмалку едно лице. Полицијата соопшти дека хеликоптерот се урнал на покривот, каде што, најверојатно, се обидувал да слета.

По ударот, целата зграда била евакуирана.

Како што известува Ен-би-си, не се знае идентитетот на жртвата, но познато е дека била во хеликоптерот.

Настанот засега се води како несреќа и нема никакви индикации дека станува збор за терористички чин.

Полицијата ги повика жителите да ја избегнуваат областа каде што се случи несреќата. Истрагата е во тек, а голем број полицајци се на терен.